• вторник, 05 ноември 2024

Трајковски единствен македонски атлетичар на Светското првенство во сала

Трајковски единствен македонски атлетичар на Светското првенство во сала

 

Скопје, 26 февруари 2024 (МИА) – Честа на македонската атлетика на претстојното Светско првенство во сала ќе ја брани државниот рекордер во скок во далечина Андреас Трајковски, соопшти денеска Атлетската федерација на Македонија (АФМ).

Светското првенство во сала ќе се одржи од 1 до 3 март во шкотскиот град Глазгов.

„Единствен наш претставник ќе биде Андреас Трајковски кој со своите одлични скокови успеа да обезбеди пласман на ова големо натпреварување“, соопшти АФМ.

Трајковски во пресрет на Светското пренство во Глазгов го подобри македонскиот рекорд, прескокнувајќи 7.79 метри на неодамнешното Балканско првенство во Истанбул. ег ФОТО: АФМ

Остани поврзан