• петок, 22 ноември 2024

Трамп: Ќе победиме, нема да се бројат гласовите кои стигнале по изборниот ден

Трамп: Ќе победиме, нема да се бројат гласовите кои стигнале по изборниот ден
Вашингтон, 5 ноември 2020 (МИА) - Републиканскиот кандидат Доналд Трамп повтори изрази уверување во својата победа на претседателските избори во САД и рече дека ќе покрене правна постапка против сите сојузни држави во кои неговиот демократски противник Џо Бајден тврди дека победил. „Сите држави во кои Бајден тврди дека победиле ќе бидат законски оспорени за измама во гласањето и државни изборни измами. Имаме доволно докази - само погледнете во медиумите. Ќе победиме! Америка е на прво место“, напиша Трамп на Твитер. Во посебна порака, тој напиша дека извојувал „голема легална победа во Пенсилванија“, без да прецизира на што точно мисли. Тој исто така порача дека нема да се сметаат гласовите кои стигнале по изборниот ден во САД. „Секој глас што стигнал по денот на изборите нема да се брои“, наведе Трамп на Твитер. паг/  

Остани поврзан