Трамп ја избра Габард за директорка на Националните разузнавачки служби
- Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ја избра поранешната демократка во Долниот дом на Конгресот, Тулси Габард за директорка на Националните разузнавачки служби
Вашингтон, 14 ноември 2024 (МИА) – Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ја избра поранешната демократка во Долниот дом на Конгресот, Тулси Габард за директорка на Националните разузнавачки служби.
- Како поранешна кандидатка за претседателска номинација од Демократската партија, таа (Габар) има широка поддршка во двете партии – и сега е горд републиканец, истакна Трамп.
Тој додаде дека знае оти „Тулси ќе донесе бестрашност нашата разузнавачка заедница“ и оти ќе инсистира на уставните права.
- Тулси сите ќе нè направи горди, посочи Трамп.
Габард служеше во американската Национална гарда повеќе од две децении и беше распоредена во Ирак и Кувајт. ми/
фото: ЕПА