• петок, 05 декември 2025

Трамп размислува за изземање на Унгарија од санкциите поврзани со руските јаглеводороди

Трамп размислува за изземање на Унгарија од санкциите поврзани со руските јаглеводороди

Вашингтон, 7 ноември 2025 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва дека размислува за исклучок на Унгарија од американските санкции поврзани со руските јаглеводороди, за време на средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа.

- Размислуваме за тоа, затоа што нему му е многу тешко да набавува нафта и гас од други региони. Како што знаете, тој нема пристап до море, рече американскиот претседател пред новинарите на почетокот на разговорот.

Трамп ја повика Европа да „ја почитува Унгарија и нејзиниот лидер Орбан“. јт/

Фото: Орбан на фејсбук

Остани поврзан