Трамп побара од Американците да не бидат слаби и глупави
- Царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп ги погодија светските берзи, ја намалија цената на нафтата, а аналитичарите стравуваат дека тоа може да доведе до високи цени и слаба побарувачка, а потенцијално и до глобална рецесија

Вашингтон, 7 април 2025 (МИА) – Царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп ги погодија светските берзи, ја намалија цената на нафтата, а аналитичарите стравуваат дека тоа може да доведе до високи цени и слаба побарувачка, а потенцијално и до глобална рецесија.
Трамп денеска на својата социјална мрежа „Трут“ (Truth) им се обрати на Американците и ги повика да бидат „силни“ и да не бидат „паниканци“.
- САД имаат можност да направат нешто што требаше да го направат пред ДЕЦЕНИИ. Немојте да бидете слаби!. Немојте да бидете глупи! Немојте да бидете ПАНИКАН (нова партија составена од слаби и глупави луѓе!). Биди силен, храбар и трпелив – и ГОЛЕМИНАТА ќе даде резултат!, објави Трамп на „Трут“.
Трамп ги предупреди и странските влади дека ќе мораат да издвојат многу пари за да ги укине царините, кои ги нарекува „лек“. ми/
фото: „Трут“