• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Си: Трговските војни му штетат на глобалниот екомонски поредок, особено на земјите во развој

Си: Трговските војни му штетат на глобалниот екомонски поредок, особено на земјите во развој

Ханој, 15 април 2025 (МИА) - Трговските војни ќе го поткопаат меѓународниот трговски систем, стабилноста на глобалниот економски поредок и легитимните интереси на сите земји во светот, особено на земјите во развој, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг.

Си, за време на состанокот со неговиот виетнамски колега Луонг Куонг во Ханој, рече дека Кина и Виетнам треба заеднички да се спротивстават на политиката на моќ и унилатерализмот.

Си упати честитки за 95-годишнината од основањето на Комунистичката партија на Виетнам, 80-годишнината од основањето на Виетнам и 50-годишнината од ослободувањето на Југот.

Истакнувајќи дека оваа година се одбележуваат 75 години од дипломатските односи меѓу Кина и Виетнам, Си рече дека односите меѓу двете земји за тоа време постигнале не само братство и солидарност, туку и соработка во автомобилската индустрија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан