• недела, 14 јули 2024

Трамп евакуиран од митинг, регистрирани истрели (ДПЛ)

Трамп евакуиран од митинг, регистрирани истрели (ДПЛ)

Вашингтон, 14 јуни 2024 (МИА) - На митинг на Доналд Трамп во Пенсилванија одекнаа повеќе истрели, при што на лицето на републиканскиот претседателски кандидат беше регистрирана крв во пределот на десното уво, јавија американските медиуми.
Тајната служна сооошти пред малку дека Трамп е во добра здравствена состојба без да дадат детали. Беше веднаш евакуиран со видливо крваво лице, јавија американските медиуми. 

Откако се слушнаа истрели Трамп ја подогна раката кон десниот дел од лицето и  се спушти под подиумот по што вооружените полицајци зазедоа позиции на предниот дел на бината. 
Од Кабинетот на актуелниот претседател на САД, Џо Бајден соопштија дека засега тој не е брифиран за инцидентот на митингот во Батлер, Пенсилванија. зш/

Остани поврзан