Тошковски на средба со бугарскиот амбасадор Радуков упатил покана до неговиот бугарски колега Митов да ја посети Македонија
- На средбата се разговарало за плановите и начините за продлабочување на полициската соработка преку склучување на Акциски план или програма за соработка помеѓу двете министерства. Во планот, се додава во соопштението, ќе се ревидираат планираните и веќе започнатите активности и се планира отпочнување на нови.

Скопје, 28 февруари 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со амбасадорот на Република Бугарија, Жељаско Радуков, соопштија од МВР.
На средбата се разговарало за плановите и начините за продлабочување на полициската соработка преку склучување на Акциски план или програма за соработка помеѓу двете министерства. Во планот, се додава во соопштението, ќе се ревидираат планираните и веќе започнатите активности и се планира отпочнување на нови.
Министерот Тошковски на средбата упатил покана до новоименуваниот бугарски министер за внатрешни работи, Даниел Митов за официјална посета на Македонија и МВР, посета, како што се вели во соопштението, која би била од силно значење на натамошно зајакнување на соработката во полето на безбедноста.
- Двете страни изразија заеднички став дека од суштинско значење е да се продолжи да се работи на граничната и безбедносната соработка, релација која ќе придонесе и во надминување на предизвиците кои постојат меѓу двете страни, соопшти МВР. цр/са/
Фото: МВР