• понеделник, 16 септември 2024

Тошковски го отвори 23. Меморијален турнир во чест на бранителот Бобан Трпков

Тошковски го отвори 23. Меморијален турнир во чест на бранителот Бобан Трпков

Скопје, 15 септември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Драчево го отвори 23. Меморијален турнир во чест на Бобан Трпков, македонски бранител кој загуби својот живот во конфликтот во 2001 година. Покрај тоа, Тошковски положи и цвеќе на неговата биста која се наоѓа пред истоимената месна заедница „Бобан Трпков“ во населба Драчево.

-Во негова чест денес се одржува 23. Меморијален турнир во мал фудбал, во местото каде што херојот Трпков растеше и другаруваше. Нека му е вечна слава на херојот, бранителот Бобан Трпков! Да живее Македонија, рече министерот Тошковски.

На турнирот учество земаа припадници на МВР - Специјалната антитерористичка единица Тигар, Единицата за брзо распоредување, Интервентната полиција и СВР Скопје.вј/ев/

Фото: МВР

Остани поврзан