• сабота, 29 јуни 2024

Тотенхем му го нанесе шестиот пораз на Сити оваа сезона

Тотенхем му го нанесе шестиот пораз на Сити оваа сезона
Лондон, 2 февруари 2020 (МИА) – Екипата на Тотенхем го совлада Манчестер сити со 2:0 вечерва во дербито на 25. коло од Премиер лигата. Стрелци на головите за домаќините беа Стефан Бергвајн и Сонг Хин Мин. Во 60. минута дефанзивецот на Сити, Александар Цинченко беше исклучен поради втор жолт картон. За Манчестер сити кој е бранител на трофејот ова беше шести пораз сезоната по што заостанувањето зад лидерот Ливерпул е огромни 22 бода. Тотенхем се искачи на петтото место. Табела: Ливерпул 73 бода, Манчестер сити 51, Лестер 49, Челзи 41, Тотенхем 37, Шефилд 36,... зс/

Остани поврзан