• петок, 22 ноември 2024

Тимот на ЈП Лајка ќе заловува бездомни кучиња во општина Ѓорче Петров

Тимот на ЈП Лајка ќе заловува бездомни кучиња во општина Ѓорче Петров

Скопје, 24 јули 2023 ( МИА) -  Заловувачкиот тим на ЈП Лајка од денеска до 28 јули  ќе започне со стратешко заловување кучиња  во општина Ѓорче Петров, поточно, во реоните:  Ѓорче Петров, Ѓорче 2, Даме Груев, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука ...

Од ЈП Лајка информираат дека заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче коешто ќе го сретне во овие реони, а го нема поминато хуманиот третман.

-Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите да се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или да пријават на info@lajka.com.mk, велат од ЈП Лајка. љм/дма/

Фото: ЈП Лајка 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан