• петок, 22 ноември 2024

Тимот на Леброн, на „Ол-стар“ натпревар ќе настапи со број „2“ во чест Џиана Брајант

Тимот на Леброн, на „Ол-стар“ натпревар ќе настапи со број „2“ во чест Џиана Брајант
Лос Анџелес, 4 февруари 2020 (МИА) – Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, соопшти дека неговиот тим на НБА „Ол-стар“ мечот ќе игра во дресови со број „2“ во чест на Џиана Брајант која загина во хеликоптерска несреќа заедно со нејзиниот татко и уште седум други лица.
  • Лигата ме контактираше и ме прашаа со кој број ќе игра мојот тим на „Ол-стар“ натпревар. Јас го избрав бројот „2“ наместо 24“. Зошто? Поради почит кон ќерката на Коби, Џиана која носеше „2“.
Во спомен на легендата на Лејкерс, НБА лигата реши дека една од екипите на Ол-старот во Чикаго на 16 февруари ќе игра во дресови со број 24. зс/

Остани поврзан