• петок, 22 ноември 2024

Тимот ИСЛАА меѓу шесте победници на годинашниот Балкатон 2.0 

Тимот ИСЛАА меѓу шесте победници на годинашниот Балкатон 2.0 
Скопје, 8 јуни 2021 (МИА) – Меѓу годинашните победници на Балкатон 2.0 е и тимот (ИСЛАА) -  Иванов Школа за лидери – алумни асоцијација Од 90 апликации со 90 идеи во областа на Паметни градови, Зелена економија, Е-Здравство и Е-Претприемништво, во потесен избор беа селектирани идеите на 37 тимови со над 120 членови кои потоа добија можност да работат со назначени ментори за дополнителен развој на нивните идеи. На крајот, 12 финалисти добија можност да ги претстават и одбранат своите идеи пред стручно жири кое избра шест победници. Тимот на ИСЛАА, претставуван и предводен од Катерина Климовска, а во состав Кристина Митровска, Васил Коцевски, Теодора Николова и Дарко Казанков, се избори за пласман меѓу финалистите и беше победник во категоријата Special Girls Power. Со својата идеја за E-CSR Club дигитална платформа за поврзување  занаетчии, претприемачи, социјални претприемачи и други мали бизниси кои иновативните идеи ги претфориле во мал бизнис, тимот ИСЛАА има цел да придонесе кон остварување на одржлив развој на нивните бизниси, остварување на општествено одговорните цели во вистинска смисла на зборот, да поттикне подобро поврзување во екосистемот и, секако, да влијае и на остварување подобар финансиски резултат, соопшти Извршниот одбор на ИСЛАА.  Дополнителна награда за сите победници на натпреварот е и поканата за учество на 4Дигитален самит на Западен Балкан 2021 година, кој наесен ќе се одржи во Црна Гора По повод освојување на оваа награда, тимот ИСЛАА, кој го сочинуваат членовите на Алумни асоцијацијата на Иванов Школата за лидерибеше поканет во Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, на која тој изрази големо задоволство што уште еднаш се потврдува целта и идејата на Школата за млади лидери -Иванов имаше можност директно од самите учесници да ја слушни приказната на проектот, од самиот процес на аплицирање, па се до добивање на наградата, информира Извршниот одбор на ИСЛАА. хс/ац/

Остани поврзан