• петок, 22 ноември 2024

Тик ток повеќе не е достапен во Хонг Конг

Тик ток повеќе не е достапен во Хонг Конг
Хонг Конг, 10 јули 2020 (МИА) - Глобално популарната мобилна апликација за објавување на кратки видео снимки Тик ток повеќе не е достапна за корисниците во Хонг Конг поради новиот кинески Закон за национална безбедност. По усвојувањето на рестриктивниот закон, компанијата „Бајтденс“ од Пекинг минатата недела најави дека ќе биде укината апликацијата Тик ток во Хонг Конг. Американските власти изминатите денови најавија дека планираат да ја забранат апликацијата бидејќи корисниците преку неа можат да проследуваат податоци за корисниците до кинеските власти. „Бајтденс“ вчера соопшти дека никакви податоци за корисниците не проследуваат до властите и оти тоа не би го направиле дури и кога би било побарано од нив. ми/

Остани поврзан