• среда, 20 ноември 2024

Тејтум: По губењето на финалето не излегував од дома три или четири дена по ред

Тејтум: По губењето на финалето не излегував од дома три или четири дена по ред
Бостон, 22 август 2022 (МИА) – Најдобриот кошаркар на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум проговори за тоа колку тешко го претрпел поразот во финалната серија од плеј-офот со Голден стејт. Бостон го загуби големото финале со 4:2 и остана без трофејот. - Три или четири дена по последниот натпревар не ми се зборуваше со никој. Бев многу, многу несреќен. Ми требаше време да излезам од оваа депресија и да почнам да уживам во животот, да уживам во комуникацијата со мојот син и семејството. Ова беше тешко. Понекогаш изгледам толку смирено, не знам дали луѓето разбираат колку вложувам во оваа игра, колку ми е грижа за неа, колку напорно работам. Буквално дадов се од себе. Бев исцрпен, а бевме многу блиску до победа. Го изгубив апетитот. Седев дома три или четири дена по ред, кажа Тејтум. Во пресрет на новата сезона во НБА-лигата, букмејкерите во САД на Бостон му даваат најголеми шанси да оствари најдобар резултат во конференцијата. зс/

Остани поврзан