• вторник, 05 ноември 2024

Тешко повредена 68-годишна жена во сообраќајна незгода во булеварот „Маршал Тито“ во Тетово

Тешко повредена 68-годишна жена во сообраќајна незгода во булеварот „Маршал Тито“ во Тетово
Тетово, 6 октомври 2022 (МИА) - Жена на 68 години како пешак е тешко повредена денеска околу 14 часот во сообраќајна незгода случена на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово. Во неа удрило возило управувано од 36-годишник од тетовска Голема Речица. -Денеска во 14:05 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „Фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Б.Н. од Голема Речица, удрило во 68-годишната тетовка М.С. (пешак). Во несреќата. М.С. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. На местото на несреќата, по овластување на Јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Тетово. ас/ки/

Остани поврзан