• среда, 27 ноември 2024

Техеран: Продолжување на иранските нуклеарни преговори за два или три месеци

Техеран: Продолжување на иранските нуклеарни преговори за два или три месеци
Техеран, 1 септември 2021 (МИА) - Преговорите, кои започнаа во април во Виена за реактивирање на меѓународниот договор за иранското нуклеарно прашање, најверојатно нема да започнат за уште два или три месеци, соопштија иранските власти. Целта на преговорите, кои се водат под покровителство на ЕУ, е САД да се вратат на договорот што го постигнаа во 2018 година за време на претседателот Доналд Трамп и Иран да се обврзе дека ќе ги почитува своите меѓународни обврски за нуклеарни прашања според тој договор. Преговорите беа прекинати на 20 јуни, два дена по победата на Ебрахим Раиси на иранските претседателски избори и сe уште не е утврдено кога ќе продолжат. „Ние не се обидуваме да избегаме од преговарачката маса ... Владата верува дека вистински преговори се оние што даваат опипливи резултати и кои ги гарантираат интересите и правата на иранската нација“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан за државната телевизија. Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска го повика својот нов ирански колега, Амир-Абдолахиан, веднаш да ги продолжи преговорите за иранското нуклеарно прашање. паг/  

Остани поврзан