• петок, 22 ноември 2024

Тетовските полицајци делеа летоци за опасностите од петардите 

Тетовските полицајци делеа летоци за опасностите од петардите 

Тетово, 24 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово продолжија со планираните активности во рамките на превентивно-едукативната кампања „Петарди НЕ, безбедност пред се“, што заеднички ја спроведуваат Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје и Министерството за внатрешни работи, информираше денеска портпаролот Марјан Јосифоски.

На неколку пунктови во централното тетовско подрачје полицајци на граѓаните, претежно на помлади лица, им делеа летоци со информации и пораки кои се однесуваат на опасностите од употреба на петарди и други пиротехнички средства и на здравствените, психолошките и други последици од тоа (психолошки трауми, стрес и траен инвалидитет) 

-Покрај ова, во непосредни разговори на повеќемина граѓани им се укажуваше и на законските импликации, односно санкции (прекршочни или кривични) доколку се оглушат на ваквите апели, совети и укажувања и посегнат по пиротехнички средства или по огнено оружје. Оваа претпоследна декемвриска недела, инаку беа организирани повеќе предавања и презентации на истата тема во неколку тетовски средни училишта, а идната недела планирани се и во гостиварските, потенцира портпаролот. 

Изминативе недели предавања на истата тема во рамки на кампањата се одржаа и во тетовските училишта. ас/лв/
фото СВР Тетово

Остани поврзан