• среда, 03 јули 2024

Тер Штеген се искачи на третото место по „чисти мрежи“ за Барселона

Тер Штеген се искачи на третото место по „чисти мрежи“ за Барселона

Барселона, 13 март 2023 (МИА) - Барселона синоќа го победи Атлетик (1:0) во 25. коло од шампионатот на Шпанија.

 

Голманот Марк-Андре тер Штеген по 150-ти пат ја зачува „чиста“ својата мрежа како член на каталонскиот клуб.

 

Ова е трет резултат во историјата на Барселона. Рекордер е Виктор Валдес со 237 натпревари без да прими гол, а по него е Андони Зубизарета со 172.

 

Тер Штеген е во Барселона од 2014 година. Голманот ја зачува мрежата неначната 21 пат оваа сезона, од нив 19 во Ла Лига. зс/

 

Фото: Твитер

Остани поврзан