• сабота, 29 јуни 2024

Тер Штеген се врати на тренинзите со тимот на Барселона

Тер Штеген се врати на тренинзите со тимот на Барселона
Барселона, 30 октомври 2020 (МИА) - Голманот Марк-Андре тер Штеген одржа тренинг со главниот тим на Барселона, се наведува на официјалната веб-страница на клубот. Голманот не влезе на теренот откако беше поразен од Баерн во четвртфиналето од Лигата на шампионите (2:8) на 14 август. Подоцна, Тер Штеген беше опериран на коленото и сè уште не е влезен на теренот. Оваа сезона голот на Барселона го брани Бразилецот Нето. зс/

Остани поврзан