• среда, 08 април 2026

Теренска едукација во Берово за превенција од шумски пожари

Теренска едукација во Берово за превенција од шумски пожари

Берово, 7 април 2026 (МИА) – Мешана патрола составена од претставници на ТППЕ Берово, ОВР Берово, Шумската полиција и ЈП „Национални Шуми“ – Берово, во соработка со Локалниот совет за превенција при Општина Берово, спроведе теренска едукација на населението со цел подигнување на свеста за превенција од шумски пожари.

Во рамки на активностите, преку директна комуникација со граѓаните денеска беа споделени информации и препораки за безбедно однесување во шумските предели, особено во периоди кога постои зголемен ризик од појава на пожари.

Надлежните институции апелираат до граѓаните да се движат внимателно во шума, да не палат оган на отворен простор и да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат пожар.

Оттаму потенцираат дека со одговорно однесување, секој поединец може да придонесе за заштита на природните богатства и спречување на штети со сериозни последици врз животната средина.

Воедно, од институциите упатуваат апел до граѓаните, доколку забележат чад или оган, веднаш да пријават на бројот 112 – европски број за итни повици. Дополнително, во функција останува и бројот 193, на кој исто така може да се пријават пожари и други итни ситуации. вс/лв/

Фото: МИА
 
  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан