• понеделник, 23 декември 2024

„Теорија за кучешката година“ - нов роман на Милован Стефановски

„Теорија за кучешката година“ - нов роман на Милован Стефановски
Скопје, 16 април 2021 (МИА) - „Теорија за кучешката година“ е нов, шести роман на Милован Стефановски, објавен од „Матица македонска“, во кој авторот се определува за исповедна наративна стратегија. Издавачката куќа соопшти дека интересно во романот е што ниеднаш не е спомнато име, ниту на посочени лица за кои се зборува како за битни учесници во опфатените животни случки, ниту, пак, на јавно познати личности за кои во текстот се подвлечени сосема јасни идентитетски алузии. - Меѓу битните посебности на романот е третманот на времето како феномен според некоја сопствена специјална теорија на релативноста, врз основа на чии законитости е построена и теоријата на кучешката година, според чиј назив е насловен и самиот роман; според неа времето на физичкото тело наместо од неговата брзина во просторот, зависи од бројот и брзината на настаните низ кои самото поминува, наведува „Матица македонска“. хс/скс/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан