• среда, 15 мај 2024

Тен Хаг по дебаклот со Кристал Палас: Ова е заслужен пораз

Тен Хаг по дебаклот со Кристал Палас: Ова е заслужен пораз

Лондон, 7 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг се осврна на синоќешниот висок пораз во Лондон од Кристал Палас.

Домаќините во натпревар од 36. коло на Англискиот фудбалски шампионат славеа триумф со 4:0.

- Како Манчестер јунајтед, мораме да бидеме подобри. Играчите кои беа на располагање треба да се претстават подобро. Ова е заслужен пораз. Настапот не беше онаков каков што очекувавме. Не можеме да се фокусираме само на „отсуството“ на Касемиро. Треба да се фокусираме на тимската игра. Мора да се поправиме во недела. Треба да учиме од овој натпревар и да се подобриме, изјави Тен Хаг за „BBC Sport“.

Манчестер јунајтед со 54 бода е 8. во поредокот во Премиер лигата, Кристал Палас има 43 бода на 14. место. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан