• сабота, 21 декември 2024

Тен Хаг мора да реши многу проблеми за дербито со Ливерпул

Тен Хаг мора да реши многу проблеми за дербито со Ливерпул

Манчестер, 1 септември 2024 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед – Ерик тен Хаг денеска ќе мора да се справи со сериозни проблеми за големото дерби со Ливерпул. 

„Црвените ѓаволи“ ќе останат без многу важни играчи за натпреварот на „Олд Трафорд“.

Новото засилување Мануел Угарте ќе го пропушти натпреварот бидејќи клубот не успеа да го регистрира навреме за Премиер лигата.

Уште една нова надеж на Јунајтед - Лени Јоро, се повреди на првиот натпревар за тимот и ќе отсуствува долго време од терените.

Дефанзивците Лук Шо, Тајлер Маласија и Виктор Линделоф се подолго време надвор од теренот поради здравствени проблеми.

Мејсон Маунт и Расмус Хојлунд, исто така, нема да земат учество во дуелот поради повреди, иако репрезентативецот на Данска тренира со тимот.

Големото дерби на англискиот фудбал е на програмата денска од 17 часот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан