Телефонски разговор Зеленски-Трудо
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска телефонски разговараше со канадскиот премиер Џастин Трудо кого го информирал за спасувачката операција по руското гранатирање на Полтава.
Киев, 3 септември 2024 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска телефонски разговараше со канадскиот премиер Џастин Трудо кого го информирал за спасувачката операција по руското гранатирање на Полтава.
Премиерот на Канада изрази сочувство до семејствата на загинатите и до целиот народ на Украина.
- Разговаравме за продолжување на одбранбената соработка меѓу Украина и Канада. Ги наведов моменталните потреби на нашите одбранбени сили, вклучително и дополнителни системи за противвоздушна одбрана и оклопни возила. Се фокусиравме и на нашата заедничка работа во рамките на коалицијата за дронови и имплементацијата на Билатералниот безбедносен договор потпишан на 24 февруари оваа година. Го повикав премиерот на Канада да го интензивира застапувањето меѓу партнерите во врска со давање дозвола на Украина и неопходни средства за напади на воени цели на територијата на земјата агресор, напиша Зеленски на Х.
Двајцата лидери разговарале и за подготовка на тематска конференција за точката од Формулата за мир „Ослободување на затворениците и депортираните“ што ќе се одржи во Канада. јт/
Фото: Х