• понеделник, 23 декември 2024

Лескаровска: Туризмот е најдобра инвестиција за економски развој, заедно со бизнисот ќе ги подобруваме перформансите (видео)

Лескаровска: Туризмот е најдобра инвестиција за економски развој, заедно со бизнисот ќе ги подобруваме перформансите (видео)

Скопје, март... 2024 (МИА) - Проширување и развој на понудата, подобро позиционирање на меѓународниот пазар, поголема процентуална исполнетост на сместувачките капацитети и развој на руралниот и еко-туризмот. Ова се клучните цели на кои ќе се фокусира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во претстојниот период, вели новата директорка Јасмина Лескаровска. 

Во разговор за МИА, Лескаровска најавува интензивна соработка со бизнис секторот кој, како што објаснува, активно ќе се вклучи во креирањето и подобрувањето на туристичките перформанси. Ќе почнат со активности работните групи составени од стручни лица, делегирани од бизнис асоцијациите кои се дел од Советот на АППТ, а идејата е градење ефективна програма за постигнување на зацртаните цели. Дел од темите кои ќе се разработуваат од групите, се субвенциите и регулативата.

Според Лескаровска, исклучително внимание мора да се посвети на маркетингот без кој, нагласува, не е можно подобро позиционирање на земјава на меѓународниот туристички пазар. Тоа е и единствениот начин, оценува, да се зголеми просечната годишна исполнетост на сместувачките капацитети што, пак, ќе придонесе за зголемување на платите во секторот, а со тоа и намалување на одливот на квалификуван кадар. Преку маркетингот, додава директорката, ќе се создаде конкуренција меѓу побарувачката, не меѓу понудата и на тој начин ќе се дојде до повисока просечна продажна цена и висока додадена вредност.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) најавува активна туристичка промоција на Северна Македонија која, како што наведува, е во фокусот на новинари, промотори, блогери и телев

Не помалку важен, нагласува, е и рамномерниот регионален туристички развој. Зајакнувањето на туристичката понуда во руралните области е возможна, вели, преку градење зелени и одржливи дестинации, како и преку промоција на одговорно патување.

Засега, според статистиката, во земјава најбројни се гостите од Турција, Србија, Грција, Германија и Полска. По стартот на новата авиолинија Рига - Скопје во мај годинава, се очекува раст на бројот на туристи и од балтичките земји, Литванија, Латвија и Естонија.

-Излегуваме од еден период на нестабилност предизвикан од пандемијата и конечно бележиме позитивен тренд во туристичкиот промет. Сепак, и покрај позитивниот развој, еден од основните предизвици со кој се соочуваме е постигнувањето сооднос помеѓу понудата и побарувачката и поголема процентуална исполнетост на сместувачките капацитети. Ова значи дека една од нашите примарни задачи е да ја унапредуваме дестинацијата преку маркетинг, од една страна, односно преку делотворни маркетинг политики да го зголемуваме туристичкиот промет генериран од земјите во регионот, да го зголемиме туристичкиот промет од другите традиционални пазари како Холандија, Полска, Турција и други, но и да отвориме нови пазари. Понудата и промоцијата мора да се следат во чекор и да одат „рака за рака“, како паралелен процес. Секако, дел од нашите примарни задачи е и проширувањето и развој на понудата, нагласува Лескаровска.

Таа е децидна дека во моментов, Агенцијата е силно посветена на градење квалитетна програмата за 2025 година.

-Новата програма треба да резултира со зголемен промет од туризмот, а тоа значи, зголемен број туристи, повеќе ноќевања во постојните сместувачки капацитети од сите видови, повеќе туристички групи за туристичките водичи и за угостителските објекти. Ова, освен економско, ќе има и позитивно влијание врз имиџот на државата, потенцира директорката.

Во врска со активното вклучување на бизнисот во креирањето на програмата, Лескаровска вели дека работата ќе им биде доверена на стручни лица.

-Програмата се потврдува на седница на Совет при АППТ каде членуваат сите релевантни бизнис асоцијации од секторот. Нивното учество во процесот е од клучно значење за нивото на ефективност на програмата. Со оглед дека веќе се работи на подготовка на програмата за 2025 година, во фаза сме на формирање работни групи за стручни теми. Бизнис асоцијациите ќе делегираат соодветни стручни лица согласно темите (маркетинг на дестинацијата, субвенции, регулатива, проектни развојни активности,...). Овие стручни работни групи ќе донесат предлог-заклучоци кои понатаму ќе бидат патоказ при градењето на програмските содржини. Ова значи дека бизнис асоцијациите кои членуваат во Советот на АППТ, преку делегирање на своите најстручни лица, добиваат можност за ефикасен начин на делување, со директна партиципација да влијаат и на перформансите на дестинацијата и обликување на туризмот во Република Северна Македонија. Како институција сме подготвени да ги имплементираме овие заклучоци согласно нашите овластувања, подвлекува директорката.

Таа го посочува како посебно важен и рамномерниот регионален туристички развој.

Дополнителна поддршка за македонските тур-оператори кои во својата програма за 2021 година ќе ги стават домашните туристички центри, предлага Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (А

-Наша примарна задача е да обезбедиме пазари за моменталната понуда. Сепак, наша обврска е и да ја унапредуваме дестинацијата, да ги следиме меѓународните трендови, да ја дисперзираме туристичката понуда низ општините, односно да развиваме туризам кој ќе помогне за рамномерен регионален економски развој. Рамномерен регионален туристички развој е предизвик за сите во туристичката индустрија. Тоа би вклучувало и развој на руралниот и на еко-туризмот кој веќе бележи светски раст. Зајакнување на туристичката понуда во руралните области е возможна, преку градење зелени и одржливи дестинации и промоција на одговорно патување. Но, пред се од големо значење е прво да се донесе стратегија за развој на рурален туризам. Изработка на национална стратегија за развој на руралниот и екотуризмот како приоритетни туристички форми е значајна за локалниот економски развој, зголемување на работните места во тие области и намалување на миграцијата село-град, како и обезбедување одржлив еконосмки раст за локалната бизнис заедница, вели Лескаровска.

Стратегијата може да биде изработена во соработка со домашни и странски експерти, а ќе вклучува и едукација на туристичкиот сектор, унапредување и подобрување на животот на руралното население.

-Развојот на руралниот туризам ја истакнува автентичноста на дестинацијата, квалитетот на животот на локалното население и во тој контекст ја зачувува традицијата, културата и начинот на живеење во руралните средини. И еко-туризмот во следните неколку години треба да преставува двигател на голем број општини во руралните средини, овозможувајќи директен финансиски бенефит за локалното население преку проектот „Педесет села - педесет приказни’’ со што ќе се влијае на отворање нови, одржливи, зелени работни места, на женското претприемништво и на забавување на миграцијата од руралните средини, дополнува директорката.

Како што најавува, во периодот што следи ќе почне првиот чекор од имплементација на веќе гореспомнатите развојни политики за одржливи бизниси во руралните средини.

-Следна активност на Агенцијата за туризам во соработка со Швајцарската програма за промоција на извозот (SIPPO) е зајакнување на човечките капацитети преку обуки за развој на одржливи форми на туризам и зајакнување на капацитетите за зелени дестинации и нивна сертификација. Во април, сите заинтересирани туристички субјекти и ентитети ќе имаат можност да бидат дел од обуки кои ќе се реализираат во Скопје и Крушево. Целта е да се подигне свеста за потребата од имплементирање одржливи туристички практики, а притоа да се имаат предвид економските, еколошките и социјалните компоненти во заедницата и општеството, односно да се создаде одржлив туристички бизнис, а преку тоа и одржлива туристичка дестинација, нагласува директорката на Агенцијата.

Во периодот јануари - декември 2023 година, во однос на истиот период во 2022-ра, бројот на туристите е зголемен за 20,6 отсто и тоа, кај домашните туристи има зголемување за 0,6, а кај странските за 36,6 проценти. Зголемен е и бројот на ноќевањата за вкупно 10,1 отсто, односно за 1,4 проценти кај домашните и за 22,9 отсто кај странските туристи. 

Мирјана Чакарова

фото: Фросина Насковиќ

видео: Срѓан Крстиќ

Остани поврзан