• понеделник, 23 декември 2024

Тајланд и Кина ги укинуваат визите за своите граѓани

Тајланд и Кина ги укинуваат визите за своите граѓани

Пекинг, 28 јануари 2024 (МИА) - Тајланд и Кина се договорија да ги укинат визите за своите државјани за да го олеснат патувањето и туризмот меѓу двете земји, изјави денеска тајландскиот министер за надворешни работи Парнпри Бахида-нукара.

Взаемното откажување на визите ќе стапи во сила на 1 март, јави кинеската државна телевизија CCTV.

Договорот е потпишан за време на посетата на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Тајланд. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан