• сабота, 17 август 2024

Силен земјотрес регистриран на Тајван

Силен земјотрес регистриран на Тајван

Тајпеј, 16 август 2024 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на источниот брег на Тајван.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на крајбрежниот град Хуалијен, на длабочина од 15,4 километри.

Засега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.

Земјотресите на Тајван се честа појава бидејќи островот се наоѓа во близина на пресекот на две тектонски плочи. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан