• недела, 22 декември 2024

Тајани: Италија и Г7 работат на прекин на огнот во Либан и Газа

Тајани: Италија и Г7 работат на прекин на огнот во Либан и Газа

Њујорк, 25 септември 2024 (МИА) - Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека Италија и земјите од Г7 работат на прекин на огнот во Либан и Газа, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

„Ова е приоритет на Италија и на Г7“, истакна тој.

Тајани објави дека детално разговарал за ова прашање со неговиот ирански колега Абас Арагчи, „за да се обиде да го убеди“ да помогне на Италија и Г7 „со вршење притисок врз Хезболах за да ги запре нападите врз Израел“.

- Ќе разговараме и со Израел за да се спречи можноста за копнена инвазија во Либан, додаде тој.

- Очигледно е потребно да се воспостави нова копнена граница помеѓу Израел и Либан, како што беше направено со поморската граница, заклучи Тајани. ссм/

фото: архива

Остани поврзан