• недела, 22 декември 2024

Таткото на девојчето повредено во иранскиот напад врз Израел: Дел од ракета падна врз нашата куќа, веднаш ја однесовме во болница

Таткото на девојчето повредено во иранскиот напад врз Израел: Дел од ракета падна врз нашата куќа, веднаш ја однесовме во болница

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) - Мохамад, татко на седумгодишното девојче кое во текот на изминатата ноќ беше тешко рането кога Израел пресретна ирански проектил, денеска изјави дека врз нивната куќа паднале шрапнели од соборен проектил.

Семејството живеело во бедунинска куќа во градпот Арад.

-Падна врз нашата куќа околу два часот по полноќ. Таа спиеше во куќата и веднаш ја однесовме во болницата „Сорока“ во Бершеба, изјави таткото на повреденото девојче.

Според последните информации таа е тешко повредена.

За потсетување, Иран синоќа лансираше стотици беспилотни летала и проектили кон Израел, а Техеран објави дека нападот е извршен како одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск во кој беа убиени високи офицери на Иранската револуционерна гарда.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан