• четврток, 25 јули 2024

Таравари - Ќехаја: Продолжување на соработката помеѓу општините во двете држави

Таравари - Ќехаја: Продолжување на соработката помеѓу општините во двете држави
Гостивар, 26 септември 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари денеска оствари средба со амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја, на која разговарале за актуелните состојби во регионот и продолжување на соработката помеѓу општините во двете држави. Таравари и Ќехаја нагласија дека Република Северна Македонија и Република Косово треба тесно да соработуваат во елиминирање на сите бирократски пречки во политичката, културната, економската, трговската и други сфери на животот. - Оваа средба значително ќе придонесе за унапредување на веќе воспоставените односи и за благосостојба на нашите граѓани, рече Ќехаја. Градоначалникот Таравари истакна дека развојот на општините од регионот ќе се постигне со економска размена, зголемување на човечкиот капитал и за воспоставување на односи меѓу нашите општини што ќе придонесе за нивниот развој. - Во рамки на нашите ингеренции како градоначалници, ние остваривме повеќе контакти со нашите колеги во Косово. На тие средби разговараме за отворање на нови можности за зајакнување на локалните самоуправи и радува фактот дека има волја и почетни резултати, изјави Таравари. На средбата во кабинетот на градоначалникот Таравари, меѓу другото било разговарано и за политичкиот момент во кој се наоѓа регионот, важноста од одржување на прозападната ориентација на двете земји и европската иднина. згм/цр

Остани поврзан