• недела, 23 јуни 2024

Таравари: Северна Македонија нема друга алтернатива освен влез во Европската Унија

Таравари: Северна Македонија нема друга алтернатива освен влез во Европската Унија

Скопје, 14 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари, заедно со пратениците Халил Снопче и Мимоза Муса денеска оствариле средба со заменик министерката за надворешни работи на Република Грција, Александра Пападополу и со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду.

На средбата, соопштија од АА, соговорниците се согласиле за важноста на имплементацијата на меѓународни договори кои веќе се усвоени, и покрај тоа што во двете земји има одредени кругови кои не се согласуваат со тие договори, нивното спроведување треба да биде задолжително.

- Претседателот Таравари нагласил дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен влез во ЕУ, а новата влада максимално ќе се посвети на европскиот пат и на зајакнување на односите со Република Грција, како мошне важен партнер на Северна Македонија, стои во соопштението од АА. цр/нд/

Фото: АА

Остани поврзан