• недела, 22 декември 2024

Таравари: Треба да се видат сите околности во врска со смртта на бебето од Струмица

Таравари: Треба да се видат сите околности во врска со смртта на бебето од Струмица

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека треба да се видат сите околности во врска со смртта на бебето од Струмица што викендов почина на Детската клиника. Од информациите што ги добил од директорот на Клиниката за педијатрија, бременоста на мајката не била следена како што треба. 

- Вчера добив информација од директорот на Клиниката за педијатрија. Се работи за бременост што не била следена баш како што треба, барем според информациите што ги добив. Потоа детето е задржано во домашни услови или во болницата во Струмица и кога е донесено бебето во Клиниката за педијатрија, веќе било во многу влошена состојба. Така што треба да се видат сите околности и според тоа и Министерството ќе постапи, рече Таравари одговарајќи на новинарско прашање по дебатата што ја организираше Владата посветена на политиките за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите.

Бебето старо осум дена викендов почина на Детската клиника во Скопје, откако во тешка здравствена состојба било донесено од Струмица. Како што информираа од Детската клиника, се работи за предвремно родено дете, со мала тежина, кое било со тешка сепса. бд/бак/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан