• петок, 22 ноември 2024

Схинас се сретна со Белери и ја истакнал важноста на владеењето на правото во земјите-кандидатки за членство во ЕУ

Схинас се сретна со Белери и ја истакнал важноста на владеењето на правото во земјите-кандидатки за членство во ЕУ

Атина, 16 јули 2024 (МИА) – Со особена радост и емоции го пречекав Фреди Белери во Стразбур кусо пред официјално да ја преземе неговата должност. Разговаравме за приоритетите на новиот политички циклус и важноста на владеењето на правото во сите земји-кандидатки за членство, напиша на платформата Икс потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Схинас по средбата со Белери и посочи дека „Европа е еднакво на слобода“, јави дописничката на МИА од Атина.

Новиот европратеник од Нова демократија и осуден градоначалникот на Химара, Фреди Белери доби петдневна дозвола за излез од албанскиот затвор за да положи свечена заклетва во Европскиот Парламент, а вчера на пат кон Стразбур на неколку часа беше во Атина, каде што се сретна со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а грчкото малцинство во Албанија беше во фокусот на средбата.

Во интервју за грчкото државно радио, Белери утрово изрази надеж дека набргу ќе биде целосно пуштен од затвор и дека „полека се гледа крајот на перипетијата, која е целосно неправедна и не може да се случи во земја во која има владеење на правото“

- Јас сум еден од седумтемина европратеници на Нова демократија, еден од 21 грчки европратеник и сметам дека во рамките на НД и ЕПП ќе се обидам со сите сили да ги убедам моите колеги да ја поддржат Албанија да стане полноправна членка на ЕУ, но почитувајќи го европското законодавство, владеењето на правото и она што се применува во остатокот од Европа. Ова би била мојата цел, да можам да ѝ помогнам на Албанија да влезе, но кога ќе влезе да има направено огромни чекори напред, така што очигледните работи што важат во остатокот од Европа, да важат и во Албанија, рече Белери.

Белери е припадник на грчкото малцинство во Албанија, отслужува двегодишна затворска казна за купување гласови пред неговиот избор во мај 2023 година за градоначалник на градот Химара во јужна Албанија, додека пак на европските избори во јуни беше избран за европратеник од редовите на владејачката Нова демократија. ср/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан