• вторник, 05 ноември 2024

Султан Ибрахим е новиот крал на Малезија

Султан Ибрахим е новиот крал на Малезија

Куала Лумпур, 31 јануари 2024 (МИА) – Султан Ибрахим од јужната држава Џохор на церемонија во Националната палата во Куала Лумпур положи заклетва како нов крал на Малезија. 

Монархијата има главно церемонијална улога во Малезија, но нејзиното влијание се зголеми во последниве години, што го натера кралот да употреби ретко користени дискрециони овластувања за да ја смири политичката нестабилност. 

Според уникатниот систем на монархијата, поглаварите на деветте малезиски кралски семејства на секои пет години ротираат како крал, познат како „Јанг ди-Пертуан Агонг“.

Султан Ибрахим (65) го наследи Ал-Султан Абдула Султан Ахмад Шах, кој се враќа на чело на неговата родна држава Паханг по завршувањето на неговиот петгодишен мандат како крал. 

Султан Ибрахим е познат по својата чесност и извонредна личност, и досега често пати се вклучувал во политичките прашања во земјата, иако монархијата се смета дека е над политиката.

Познат по својата голема колекција на луксузни автомобили и мотоцикли, Султан Ибрахим има широки деловни интереси од недвижен имот до рударство, вклучително и удел во Форест Сити - проект за мелиорација и развој на Џохор, вреден 100 милијарди долари. сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан