• понеделник, 23 декември 2024

Судот му го продолжи куќниот притвор на лицето кое нападна новинарска екипа

Судот му го продолжи куќниот притвор на лицето кое нападна новинарска екипа
Скопје, 23 ноември 2022 (МИА) - Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство – Скопје за продолжување на мерката куќен притвор за М.П., за кој постoи основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство“, а поврзано со вербалниот и физички напад на новинарската екипа на ТВ 24, советот го прифати предлогот и ја продолжи мерката куќен притвор за 30 дена.

-Воедно ја известуваме јавноста дека по поднесениот обвинителен предлог против осомничениот за наведениот настан, формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 2489/22 кој согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување, а откако ќе биде насрочена главната расправа, странките и јавноста ќе бидат известени, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. дма/лв/

Остани поврзан