• сабота, 06 јули 2024

Струмичката гимназија раскажа заедничка приказна по повод 3 декември- Денот на лицата со попреченост

Струмичката гимназија раскажа заедничка приказна по повод 3 декември- Денот на лицата со попреченост

Струмица, 4 декември 2023 (МИА) - Струмичката гимназија „Јане Сандански“ денеска организираше настан насловен како „Нашата заедничка приказна-славење на уникатноста, поттикнување на инклузијата“ по повод 3 декември-Денот на лицата со попреченост. Учениците и професорите досега организираа повеќе настани, а централниот настан се одржа денеска во Младинскиот центар во Струмица.

Според директорката Невенка Стојанова, нивната заедничка приказна е раскажана преку сите досегашни и сегашни ученици кои имаат одреден вид попреченост и биле и се уште се во Гимназијата „Јане Сандански“.

-Преку нивните приказни и преку нашите како класни раководители, професори се обидовме да раскажаме каков пат поминавме, кој понекогаш беше трнлив, понекогаш убав, но најчесто многу емотивен како тие деца се развија понатаму, како им помогна средното образование и помошта од колективот за да се изградат понатаму како личности, изјави директорката Стојанова.

На настанот се говореше и за инклузијата, односно до каде е стасано со неа, кои се полињата на кои се уште треба да се работи. Беше упатена силна и корисна порака до надлежните институции за да се погледне малку повеќе на овие деца и да им се помогне во иднина да бидат индивидуалци кои ќе можат сами да се грижат за својата егзистенција. рт/цр

Фото:МИА

Остани поврзан