• понеделник, 23 декември 2024

Странски државјани вложиле 524,44 милиони евра во Црна Гора

Странски државјани вложиле 524,44 милиони евра во Црна Гора
Подгорица, 19 октомври 2021 (МИА) - Вкупните инвестиции на странски државјани и компании во Црна Гора во периодот од јануари до август годинава изнесуваат 524,44 милиони евра, покажуваат прелиминарните податоци на Централната банка на Црна Гора. Од друга страна, 210,19 милиони евра, или 40 проценти од вкупниот износ, излегле од земјата во истиот период, така што нето странските директни инвестиции изнесуваат 314,15 милиони евра. Според податоците на Централната банка на Црна Гора, 102,19 милиони евра влегле во компании и банки, меѓукомпанискиот долг (заеми од матични компании од странство) изнесува 214,36 милиони, 153,15 милиони се инвестирани во недвижен имот, а другите инвестиции изнесуваат 54,73 милиони евра. Од 52 земји за кои се наведени инвестициите на нивните граѓани во Црна Гора, дури 12 имаат инвестиции од повеќе од десет милиони, 24 над еден милион евра, додека сумите што потекнуваат од земји што не се на списокот се 9,96 милиони евра. На врвот на листата на земји од кои пристигнаа најмногу директни странски инвестиции е Русија со 82,58 милиони евра. Од тоа, најголемата сума од 31,46 милиони евра се однесува на недвижен имот што нивните граѓани го купиле во Црна Гора, по што следува така наречениот меѓукомпански долг во износ од 29,27 милиони евра, а Русите инвестирале 21,6 милиони евра во црногорски компании и банки. Втор по големина инвеститор е Малта со сума од 70,35 милиони евра, што е речиси целосно меѓукомпаниски долг од 70,19 милиони евра. Србија го зазема третото место со инвестиции од 53,34 милиони евра, од кои 23,17 милиони се однесуваат на купување недвижен имот во Црна Гора. ми/

Остани поврзан