• петок, 22 ноември 2024

Странски вооружени сили ќе учествуваат на вежбата „Balkan Warrior 23“ и

Странски вооружени сили ќе учествуваат на вежбата „Balkan Warrior 23“ и

Скопје, 6 јуни 2023 (МИА) -  Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на вежбата „Balkan Warrior 23“ и донесе ваква одлука, на предлог на Министерството за одбрана.

-Вежбата „Balkan Warrior 23“, според Информацијата од Министерството е дел од Планот за организација и учество на Армијата на вежби од меѓународен карактер за 2023 и 2024 година и дел од Планот за билатерална соработка за 2023 година помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за национална одбрана на Република Грција, се наведува во соопштението од Владата.

На вежбата е предвидено учество на 15 припадници од специјалните сили на Република Грција, со вооружување, опрема, моторни возила и материјално - технички средства. Локација за учество на вежбата ќе биде територијата на Република Северна Македонија, односно на Армискиот полигон „Криволак“. дма/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан