• сабота, 27 април 2024

Сто писатели се обединија, создадени услови за одржување на Вонредно изборно собрание на ДПМ

Сто писатели се обединија, создадени услови за одржување на Вонредно изборно собрание на ДПМ

Скопје, 17 октомври 2023 (МИА) - Создадени се услови за одржување на Вонредно изборно собрание на ДПМ, откако речиси 100 македонски писатели, односно повеќе од една третина од членството, застана зад реакцијата и јавниот повик по последните настани во македонската писателска асоцијација.

- Во согласност со Статутот на ДПМ, и по барање на една третина од членството, Собранието мора да се одржи, велат членови на ДПМ.

Зад јавниот повик и реакцијата, како што денеска информираа, застанале и писателите Веле Смилевски, Раде Силјан, Паскал Гилевски, Блаже Миневски, Ристо Василевски, Стојан Тарапуза, Славчо Ковилоски, Винка Саздова, Блаже Китанов, Живко Новески, Зоран Пејковски, Јован Дамјановски, Даниела Андоновска-Трајковска, Весна Мундишевска-Велјановска, Милица Димитријовска Радевска, Иван Трпоски и Гордана Стојановска.

Потписници на реакцијата и повикот од претходно се членовите на ДПМ: Влада Урошевиќ, Оливера Николова, Цане Андреевски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Божин Павловски, Митко Маџунков, Ферид Мухиќ, Санде Стојчевски, Кица Колбе, Глигор Стојковски, Милош Линдро, Зоран Анчевски, Љубинка Донева, Димитрие Дурацовски, Весна Ацевска, Паско Кузман, Бранко Цветкоски, Славе Ѓорѓо Димоски, Братислав Ташковски, Гордана Јовиќ-Стојковска, Љупчо Силјановски, Јовица Ивановски, Гоце Ристовски, Владе Димовски, Борче Панов, Соња Стојменска-Елзесер, Анастасија Ѓурчинова, Лилјана Пандева, Сашо Огненоски, Оливера Ќорвезироска, Весна Мојсова-Чепишевска, Виолета Танчева-Златева, Елизабета Јончиќ, Ванчо Полазарески, Наум Попески, Зоран Јакимовски, Лидија Димковска, Ана Мартиноска, Билјана Црвенковска, Никола Маџиров, Владимир Јанковски, Игор Анѓелков, Снежана Младеновска Анѓелков, Владо Јаневски, Сузана В. Спасовска, Дејан Трајковски, Ана Пејчинова, Диме Ратајкоски, Игор Станојоски, Александра Јуруковска, Мирјана Стојановска, Снежана Стојчевска, Марија Гиревска, Румена Бужаровска, Јулијана Величковска, Марта Маркоска, Ирена Јурчева, Славица Гаџова-Свидерска, Мерсиха Исмајлоска, Марина Мијаковска, Драгана Евтимова, Фросина Пармаковска, Милена Ристова-Михајловска, Живко Грозданоски, Будимка Поповска, Петар Андоновски, Давор Стојановски, Ана Бунтеска, Иван Антоновски, Михајло Свидерски, Смиле Наумоски Брсјак, Никола Илијовски.

Тие ја повикаа претседателката на Собранието на ДПМ Кристина Николовска, во согласност со Статутот, да подготви и да испрати до членството дневен ред на Собранието, Деловник за Вонредното изборно собрание, со повик за доставување кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, за заинтересираните да можат да ги исполнат своите обврски во согласност со роковите предодредени со Статутот.

Изборното собрание е закажано на 25 ноември, а на него треба да бидат избрани нов претседател на ДПМ, нов претседател на Собранието на ДПМ, ново претседателство и членови на другите органи на писателската асоцијација. 

Ваквите случувања во ДПМ уследија откако мнозинството членови во Претседателството поднесоа неотповикливи оставки поради непочитување на статутарните одредби, приватизирање и манипулирање со тимското работење од страна на претседателот на ДПМ. Претседателот на ДПМ Христо Петрески на 9 октомври поднесе неотповиклива оставка, но на 14 октомври ја повлече поради, како што наведе, барање на голем број членови на ДПМ и поради притисоци, уцени и закани. ир/бак/

Остани поврзан