• сабота, 27 април 2024

Стојаноска: Граѓаните ќе го заокружат бројот 2 затоа што Силјановска Давкова гордо ќе се исправи против криминалот на ДУИ

Стојаноска: Граѓаните ќе го заокружат бројот 2 затоа што Силјановска Давкова гордо ќе се исправи против криминалот на ДУИ

Скопје, 15 април 2024

 

Интегрален текст од изјава

Говорник: Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 6

 


Денес сум повторно во Тетово и повторно поставувам прашања до еден претседателски кандидат. Овој пат тоа е кандидатот на ДУИ, Бујар Османи кој пред некој ден себеси се нарече дека бил претседател на половина свет. Убаво би било господинот Османи да ми наведе пример на барем една земја во светот каде внуци на лидер на политичка партија на власт станати се мултимилионери на 22 годишна возраст и купуваат трговски центри или пак брат на вториот човек на партијата на власт купува локал во метрополата во самиот Центар за цена по багателни услови.

Ете тоа е партијата ДУИ, но затоа пак граѓаните на Тетово и цела Република Македонија ќе го дадат одговорот на ваквите аздисани политичари и на 24 април ќе го заокружат бројот 2 затоа што Гордана Силјановска Давкова гордо ќе се исправи против криминалот, корупцијата, тендерите и против се што ДУИ го правеше и што смета дека ќе продолжи да го прави како и до сега.

Поздрав од еден од пробните полигони на електричните автомобили, една од лажните ветувања на ДУИ кои требаше нели овде низ Тетово да се возат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото и видео:  ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан