• недела, 22 декември 2024

Стојановски: Од 17:45 часот нормално функционира градскиот јавен превоз во Скопје

Стојановски: Од 17:45 часот нормално функционира градскиот јавен превоз во Скопје

Скопје, 22 јануари 2024 (МИА) – Од 17:45 часот повторно е нормализиран јавниот градски сообраќај во Скопје, информира за МИА претседателот на Синдикатот на ЈСП Скопје, Миќо Стојановски.

-Од 17:45 часот нормално работи третата смена во јавниот градски превоз во Скопје и автобусите на ЈСП, но и автобусите на приватните превозници, изјави Стојановски.

Денеска јавниот градски превоз од 9:00 часот беше во прекин се до изгласувањето на одлуката за доделување собвенции на јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје на вонредната седница на Советот на Град Скопје.

Веднаш по седницата Стојановски најави дека од утре од 4:45 часот сигурно ќе има нормален градски превоз во Скопје и додаде дека во Синдикатот дополнително ќе се догворат дали денеска  од 17 до 24 часот ќе има јавен градски превоз.вј/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан