Стоунс нема намера да го напушти Манчестер сити
- Дефанзивецот на Манчестер сити, Џон Стоунс не планира да го напушти клубот. Тој ќе остане во тимот и ќе се бори за место во составот, објави „Телеграф“.
Манчестер, 9 септември 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Манчестер сити, Џон Стоунс не планира да го напушти клубот. Тој ќе остане во тимот и ќе се бори за место во составот, објави „Телеграф“.
Претходно имаше информации дека за 26-годишниот Англичанец е заинтересиран Евертон.
Стоунс веќе има настапувано на „Гудисон парк“ од 2013 до 2016 година, по што се пресели во Манчестер сити за 55,6 милиони евра.
Во сезоната 2019/20, Стоунс одигра 20 натпревари за „граѓаните“, на негова сметка е една асистенција.
Порталот Transfermarkt.com ги проценува трошоците за трансфер на дефанзивецот на 36 милиони евра. зс/