• петок, 22 ноември 2024

Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон

Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон

Истанбул, 8 ноември 2024 (МИА) - Професионалната фудбалска дисциплинска комисија на Турската фудбалска федерација (ТФФ) го суспендираше тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо на еден натпревар. Тој е казнет и со приближно 2.600 евра.

Мурињо во изјава за телевизијата „Беин спортс“ ги критикуваше судијата Огужан Чакир и ВАР судијата - Атила Караоглан.

-Ги обвинувам луѓето од Фенербахче кои ме доведоа овде. Ми кажаа само половина вистина. Не ми ја кажаа целата вистина бидејќи да ми ја кажеа целата вистина немаше да дојдам. Но, со половина вистина и моите момци се бориме против противникот и системот. Тој (Караоглан) беше подготвен да досуди два пенали кои судијата не ги досуди, а потоа пиеше турски чај кога беше чист пенал за нас, а тој не го досуди, изјави Специјалниот по дуелот со Трабзонспор.

Фенер моментално е на третото место во турската прва лига со пет бода помалку од лидерот Галатасарај.

-Човек на натпреварот беше Атила Караоглан, додаде Мурињо. дс

Фото: Архива

Остани поврзан