• понеделник, 23 декември 2024

Стотици украински војници завршија обука во Велика Британија

Стотици украински војници завршија обука во Велика Британија
Лондон, 30 јуни 2022 (МИА) - Стотици украински војници завршија воена обука во Велика Британија, вклучително и онаа за системи за лансирање ракети со повеќе цевки (МЛРС), што британската влада му ги доставува на Киев како форма на помош во борбата против руската артилерија.
Новинарите беа поканети да ги снимаат деталите од обуката, каде што можеше да се види како украински војници ги товарат и пукаат од лесни топови со калибар од 105 милиметри за време на вежбите во Солсбери, јужна Англија, како дел од програмата за повеќе од 450 припадници на украинските вооружени сили поддржани од Нов Зеланд. Прикажани се и МЛРС системи кои се во употреба.
Тоа е дел од поширокиот меѓународен пакет за поддршка за Киев, по руската инвазија на 24 февруари, со која Западот се обидува да и помогне на Украина да ги одбие руските сили преку обезбедување на се понапредни системи за оружје и обука за нивна употреба.
За време на посетата на Киев овој месец, британскиот премиер Борис Џонсон понуди да започне голема операција со потенцијал за обука до 10.000 украински војници на секои 120 дена. паг/
 

Остани поврзан