• сабота, 23 ноември 2024

Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во Москва

Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во Москва

Москва, 28 март 2024 (МИА) - Глумецот Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во московската концертна сала „Крокус“, кои се наоѓаат во Националниот медицинско-хируршки центар „Н.И. Пирогов“, соопшти Министерството за здравство на Русија.

- Овој напад е страшна трагедија што не требаше да се случи. Мислам дека Русија ќе послужи како пример и дека светот ќе разбере дека тоа не може да му се прави на ниту еден народ, а да остане неказнето, изјави Сигал.

Според последните податоци на Министерството за вонредни состојби, во нападот загинале 143 лица. Како што соопшти денеска Рускиот истражен комитет, веќе се идентификувани телата на 84 жртви. Меѓу нив има пет деца на возраст од девет до 16 години.

Нападот на „Крокус сити хол“ во Красногорск, предградие на Москва, се случи во петокот вечерта, кога неколку вооружени терористи во маскирни униформи влегле во објектот и отвориле оган врз присутните лица. Тие активирале и експлозивни направи на повеќе места, што предизвикало пожар, поради што се урнал покривот, а салата изгоре целосно.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан