• вторник, 05 ноември 2024

Стејт департмент: На Украина не и треба дозвола од САД за користење сопствено оружје во напади врз Русија

Стејт департмент: На Украина не и треба дозвола од САД за користење сопствено оружје во напади врз Русија

Вашингтон, 1 октомври 2024 (МИА) - Украина, како суверена држава, може да носи свои одлуки во врска со нападите врз цели во Русија со сопствено оружје, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, одговарајќи на прашање за можноста Украина да добие дозвола од САД за напади со американско оружје длабоко на територијата на Русија.

-Пред сè, на Украина не и треба наша дозвола да гаѓа руски цели. Тие се суверена држава и можат самостојно да го користат оружјето што го создадоа, а го има многу, рече Милер, пренесе Стејт департментот.

Во тој поглед, Милер ги нагласи одбранбените програми што Украина ги спроведе во изминатата година. Дополнително, додаде тој, САД не им забрануваат на вооружените сили да напаѓаат руски цели во близина на границата, од каде што руската војска започнува офанзивни операции.

Затоа, додаде Милер, Украина има голем потенцијал да се одбрани.

Портпаролот на Стејт департментот потсети дека минатата недела американскиот претседател Џо Бајден најави издвојување на нови осум милијарди долари за помош во безбедноста на Украина.

-И ние ќе продолжиме да ги поддржуваме, уверуваше претставникот на американскиот Стејт департмент.

Киев постојано ги повика западните партнери да дозволат употреба на западно оружје на аеродромите и другите воени цели длабоко во Русија, од каде се изведуваат ракетни и бомбашки напади врз Украина.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан