Стефковски во посета на првите родени бебиња во Гази Баба во 2022 година
- Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска ги посети првите родени бебиња на територија на општината во 2022 година.
Скопје, 3 јануари 2022 (МИА) - Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска ги посети првите родени бебиња на територија на општината во 2022 година.
-Три машки бебиња се првите нови жители на општина Гази Баба во 2022 година. Среќна и бериќетна ќе биде новата 2022 година! Утрово ги посетив првите нови жители на општина Гази Баба, кои се три машки бебиња. Две се родени на 01.01.2022 година, додека едното е родено на 03.01.2022 година. Им посакувам многу здравје, среќа и успех во животот, напиша Стефковски на својот фејсбук профил.вј/дма/