• недела, 07 јули 2024

Старо Нагоричане објави оглас за финансиска поддршка на здруженија на граѓани

Старо Нагоричане објави оглас за финансиска поддршка на здруженија на граѓани
Старо Нагоричане, 29 јули 2022 (МИА) - Општина Старо Нагоричане објави јавен оглас за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации, како и поттикнување на спорт на млади од буџет на Општина Старо Нагоричане, информираа од општината. Заинтересираните здруженија можат да аплицираат за буџетска програма 463, која финансиски ги поддржува здруженијата на граѓани и фондации од интерес на општина Старо Нагоричане, достапни се 150.000 денари или за поединечен проект по 30.000 денари. За програма култура, односно организација на „Бајловски средби“ за која се достапни 30.000 денари, за спорт и рекреација, финансиска поддршка за квалитетен спорт, достапни се 50.000 денари. За овие ставки од буџетот на Старо Нагоричане се одвојуваат 230.000 денари. Здруженијата треба да исполнуваат критериуми, меѓу нив да се регистрирани како здруженија или фондации, при што проритет имаат оние со седиште во Старо Нагоричане, да не користат средства за истиот проект од други установи, органи за да нема двојно финансирање на проектот. Проценката на квалитетот на понудените проекти ќе се врши по основ на повеќе критериуми, стои во објавата на општината, меѓу нив организацискиот капацитет, релевантноста на акцијата, ефектите во локалната самоуправа, буџетот. Проектите треба да се реализираат до крајот на годинава. Документите за апликација се објавени на страната на општината и треба да се испратат до советот на општината. Образците се достапни и на социјаните мрежи на општината. Рокот за пријавување е до 16 август, додека селекцијата ќе биде извршена до 30 август, годинава. ам/цр

Остани поврзан