• сабота, 12 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Српски медиуми: Вучиќ го подготвува градоначалникот на Љубљана за претседателски кандидат откако не успеале разговорите за мандатар

Српски медиуми: Вучиќ го подготвува градоначалникот на Љубљана за претседателски кандидат откако не успеале разговорите за мандатар

Белград, 7 април 2025 (МИА) - Долгоочекуваното објавување на имињата на новите владини претставници во Србија и откри на јавноста некои можеби поинтересни планови на претседателот на државата - според Нова/рс - при објавувањето на името на Ѓуро Мацут за кандидат за премиер, Вучиќ многу повеќе зборуваше за соработката и пријателството со градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, јави МИА од Белград.

Вучиќ помеѓу редови потврди дека Јанковиќ ја одбил понудата да биде премиер, но најави и една многу поважна работа - дека, според сите проценки, сериозно смета на него како свој политички наследник на чело на Србија, наведува Нова/рс.
Додека се разговараше за избор на нов мандат, на врвот на листата на Александар Вучиќ се најде името на Зоран Јанковиќ, актуелниот градоначалник на Љубљана. Јанковиќ одамна е познат како фаворит за нов премиер на Србија, што на прес-конференцијата го потврди и самиот Вучиќ, тврдејќи дека пречка за неговото доаѓање во Белград е тоа што мандатот во главниот град на Словенија му истекува во октомври годинава.

Според „Нова“, преговорите со Јанковиќ траеле неколку дена, а непосредно пред соопштувањето на името на кандидатот бил во Белград каде што разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Сепак, договорот бил на дофат, „но во еден момент Јанковиќ прифати да биде мандатар, а потоа побара дополнително време за размислување. На Вучиќ, пак, му се брзаше, делумно поради роковите, делумно поради тоа што во јавноста се почесто се зборуваше за привремената влада на Србија.На крајот беше донесена одлука да се избере друга личност, но приказната не е затворена со Јанковиќ, напротив“, објаснува изворот на „Нова“.

Според соговорникот не Нова/рс, Јанковиќ, покрај ангажманот во проектот ЕКСПО, секако ќе биде дел од движењето на Вучиќ по завршувањето на мандатот во Љубљана, но и некој за кој сериозно ќе се размислува како кандидат за претседател на Србија на изборите во 2027 година.

„Иако изборите се уште се далеку, на средбата беше изнесена идејата за Зоран Јанковиќ како потенцијален кандидат. Секако дека дотогаш ќе има многу имиња во оптек, но Вучиќ во овој момент покажа дека е расположен и тоа да биде Зоран Јанковиќ“, нагласува соговорникот на медиумот. зш/
фото БудуќностСрбије/Инстаграм

Остани поврзан